
Реал Мадрид ја доби големата пресметка со Барселона на „Монжуик“ со 1-2, а Џуд Белингам дебитираше со два гола и покажа дека е вистинскиот „крал“ оваа сезона во Ла Лига. Сега Реал Мадрид е на врвот на табелата заедно со Џирона, а Барселона заостанува четири бода.
Илкај Гундоган во шестата минута донесе водство за Барселона, откако беше упорен покрај неенергичната одбрана на „кралевите“. На крајот, успеа да го совлада Кепа Аризабалага. Подоцна Фермин го погоди дирекот и Реал Мадрид навистина имаше среќа што на полувреме замина со еден гол негатива.
Сепак, во второто полувреме голем блесок на Џуд Белингам. Карло Анчелоти направи промени, во игра го внесе Лука Модриќ кој ја раздвижи играта на гостите, а Белингам испрати проектил за израмнување во 68.минута.
Во судиското продолжение, по акцијата од десната страна, Модриќ ја зафати топката, таа дојде до Белингам, кој уште еднаш го матираше Тер Штеген за голем триумф на „кралевите“ во Ел Класико.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Манчестер Сити подготвува понуда за Родриго
