
Македонскиот прволигаш Беласица го промовираше Ѓоре Јовановски за нов шеф на стручниот штаб. Поранешниот селектор ќе се обиде да го спаси струмичкиот клуб од испаѓање од елитата.
Во пролетниот дел, ФК Беласица со нов предводник на тимот, во остварување на зацртаните цели! Ѓоре Јовановски, кој покрај играчката кариера, има и богата кариера како стратег и тоа во Вардар, Слога Југомагнат, Македонската репрезентација, Самсунспор, Работнички, Милано Куманово, Металург, ЦСКА Софија, Шкендија, Брегалница, сега во своето CV ја придодади и ФК Беласица, како нов предизвик во борбата за опстанок во елитата.
„ФК Беласица е клуб со традиција и многугодишна историја. Сите овде во клубот, стручниот штаб, фудбалерите и раководството веруваме дека ФК Беласица може да опстане, затоа што бодовите кои ги имаме во моментов не одговараат на нашиот квалитет и квалитетот на лигата е изедначена, па така секој секого може да победи“, изјави искусниот стратег.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
„Бомба“ од Мадрид: Реал го купува Нико Вилијамс!
