Connect with us

Беќири: Примивме наивен гол, но не возвративме иако бевме доминантни во поле

Шкендија како гостин во четвртото коло од Конференциската лига загуби од Дрита со минимални 1-0. Иако македонскиот шампион имаше поголем посед на топката и неколку добри шанси, меѓу кои и стативата на Љатифи, една грешка во одбраната резултираше со погодок за Дрита и тимот на Шкендија си замина со празни раце од стадионот „Фадиљ Вокри“ во Приштина.

По натпреварот, тренерот на тетовци, Јетон Беќири, го изнесе своето видување.

„Им честитам на Дрита за победата. Доминантни бевме речиси сите 90 минути, но на ова ниво на европски натпреварувања, кога ќе примите ваков лесен гол како нашиот, тешко е да очекувате позитивен исход. Иако имавме време да се вратиме, создадовме шанси и ја контролиравме играта, среќата не беше на наша страна во клучните моменти. Дрита успеа да го задржи резултатот и ги освои трите бода“, изјави Јетон Беќири.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови