Дејвид Бекам, поранешната ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Милан и ПСЖ, изјави дека Лео Меси е најдобриот фудбалер во светот и на сите времиња. Оваа изјава ја даде за време на опуштен разговор на аудиовизуелниот саем во Лондон.
Бекам, кој сега е сопственик на Интер Мајами во МЛС – лигата, каде што во моментов игра Меси, немаше дилеми околу својот избор.
„Лео е најдобриот играч во светот и на сите времиња“, изјави 49-годишниот Англичанец.
Освен за Меси, Бекам зборуваше и на други теми.
Тој прогнозираше дека Реал Мадрид ќе ја освои Лигата на шампионите оваа сезона, но исто така ја коментираше слабата форма на Манчестер Сити, пофалувајќи го Пеп Гвардиола.
„Тој е еден од најдобрите тренери во светот. Секој голем клуб поминува низ вакви моменти, особено кога ќе загуби играч или ќе пристигне нов, тимот може да биде малку дезориентиран.“
На крајот, Бекам го сумираше својот животен пат низ градовите во кои живеел.
„Лондон е мојот дом, Манчестер беше долго време, а Мајами ми е како нов дом.“
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Млади репрезентации
Македонија до 19 години на елитни квалификации во Португалија
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













