Герет Бејл дефинитивно ќе го напушти Реал Мадрид, потврди неговиот агент Џонатан Барнет. Тој истакна дека Велшанецот речиси сигурно ќе ја продолжи кариерата во Премиерлигата, но дека се зависи од потенцијалниот пласман на Велс на Мундијалот.
„Герет ќе го напушти Реал Мадрид. Неговото враќање во англискиот фудбал е најреална опција. Но, неговата иднина зависи и од Велс и квалификациите за Светското првенство”, изјави Барнет.
Велшаните се пласираа во финалето на плеј-офот, но се уште го чекаат својот ривал во финалето, бидејќи вториот полуфинален натпревар Шкотска – Украина е одложен.
Бејл во Реал пристигна во 2013 година за сто милиони евра, а ќе си оди бесплатно.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
Евро-фудбал
Пиоли пред отказ во Фиорентина
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата













