
Барселона нема да ја активира откупната клаузула на Нико Вилијамс оваа недела, пренесуваат шпанските медиуми. Досега се сметаше дека каталонскиот клуб ќе се активира за време на викендот и ќе ја плати клаузулата за откуп на крилниот напаѓач на Атлетик Билбао во износ од околу 62 милиони евра. Сепак, од различни причини, тоа нема да се случи – барем не веднаш.
Планот на Барселона е да се обиде да ја активира клаузулата следната недела. Главната причина за одложувањето се продолжените преговори со агентот на Нико, Феликс Таинта, кој засега не отстапува од своите барања да добие писмени гаранции дека неговиот клиент ќе биде регистриран за новата сезона.
Според информациите, агентот на Нико побарал во договорот да се вклучи клаузула со која играчот ќе може да замине без обештетување, доколку не биде веднаш регистриран за новата сезона. Барселона го смета тоа условување за целосно неприфатливо. Сепак, главниот адут на каталонците е силната желба на фудбалерот да настапува за клубот.
Во меѓувреме, „Мундо Депортиво“ јавува дека Нико Вилијамс во следните часови ќе одржи средба со своето семејство и со своите претставници, за да ја донесе конечната одлука за својата иднина. Фудбалерот мора да одлучи дали целосно ќе му верува на раководството на Барселона и ќе даде зелено светло за трансферот, или ќе продолжи да инсистира на гаранции за регистрација, со што би можел да си ги затвори вратите за премин на „Камп Ноу“.
Барселона сака Нико Вилијамс да се постави како Дани Олмо минатата сезона, кој не поставил никакви услови иако потоа пропуштил неколку натпревари поради доцна регистрација.
Каталонците се обидуваат да го уверат 22-годишниот шпански репрезентативец дека нема да има проблеми, па дури се подготвени да го позајмат во друг клуб, доколку не можат да го регистрираат веднаш. Но, тоа сигурно нема да биде бесплатно – Барселона ќе бара иста сума каква што ќе плати на Атлетик Билбао.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Стив Манданда ја заврши кариерата

Евро-фудбал
Рафиња бесен на Карло Анчелоти

Евро-фудбал
Кристијан Ериксен се сели во Бундес-лигата

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола
