Барселона по сѐ изгледа дека се повлекува од проектот за Европската Суперлига со цел дополнително да ги подобри односите со УЕФА. Според „Мундо Депортиво“, раководството на каталонскиот клуб одлучило да се откаже од идејата за затворена лига и да се насочи кон зајакнување на врските со Европската фудбалска федерација.
Челниците на каталонскиот гигант сметаат дека УЕФА ги земала предвид забелешките на клубовите и направила значајни промени – како реструктурирање на форматот на натпреварувањата и зголемување на финансиските приходи за учесниците.
Овие случувања ги натерале Каталонците повторно да ја преиспитаат својата позиција и да се дистанцираат од планот на Флорентино Перес. Односите меѓу Барселона и УЕФА, кои беа нарушени изминатите години поради финансиски несогласувања, сега изгледа се стабилизираат.
Доказ за подобрувањето на климата беше и присуството на претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, во ложата на „Монжуик“ за време на дуелот од Лигата на шампионите меѓу Барселона и Пари Сен Жермен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













