
Ѕвездата на Барселона, Ламин Јамал, кој го пропушти последниот натпревар на каталонците, ќе биде надвор од терените и за претстојните натпревари на шпанската репрезентација против Грузија и Бугарија. Сепак, според шпанските медиуми, младиот талент треба да биде подготвен за големото „Ел Класико“ против Реал Мадрид на 26 октомври.
Медицинскиот тим на Барселона ќе работи интензивно во текот на репрезентативната пауза, со цел да ги врати во форма Ламин Јамал, Рафиња, Фермин Лопес и Жоан Гарсија.
Гави и голманот Марк-Андре тер Штеген, пак, остануваат надвор од терените поради долгорочни повреди.
Весникот „Марка“ објави дека Јамал го следи својот план за рехабилитација и напредува добро. Можно е тој да се врати во игра уште на 18 октомври, кога Барселона ќе се соочи со Џирона, а тоа би значело дека ќе биде подготвен и за дуелот против Олимпијакос во Лигата на шампионите на 21 октомври.
Интересно е што тренерот на Барселона, Ханси Флик, јавно го обвини селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, дека го користел Јамал и покрај тоа што играл под дејство на аналгетици. Флик откри дека младиот фудбалер чувствувал болки и не тренирал меѓу двете репрезентативни средби, што дополнително ја влошило неговата состојба.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
