Connect with us

Барселона се истури на Атлетик Билбао: Дембеле еднаш погоди и трипати асистираше (ВИДЕО)

Барселона оствари убедлива победа (4-0) против Атлетик Билбао и ја продолжува потерата по Реал Мадрид. Каталонскиот тим сега има 28 бода, три помалку од „кралевите“ кои се лидери на табелата.

Осман Дембеле во 12.минута донесе водство на асистенција на Левандовски, а шест минути подоцна асистираше за голот на Серхи Роберто.

Во 22.минута Дембеле му возврати на Левандовски со асистенција за 3-0, а четвртиот гол беше дело на Феран Торес, повторно на додавање на францускиот интернационалец.

Дамка на убедливиот триумф сепак се повредите на Гави и на Серхи Роберто, кои ќе му создадат нови проблеми на тренерот Чави.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови