
Барселона ја разгледува можноста за доведување на Томас Парти. Играчот за врска на Арсенал, кој на лето ќе наполни 32 години, останува без договор, а Барселона внимателно ја следи ситуацијата и размислува да го ангажира како слободен играч.
Според шпанските медиуми, Каталонците веќе постигнаа договор со Џонатан Тах, кој исто така ќе пристигне без обесштетување како засилување во одбраната. Тах ќе ја зголеми конкуренцијата во одбранбената линија, каде што веќе се Пау Кубарси, Ињиго Мартинез, Роналд Араухо, Ерик Гарсија, а се очекува заминување на Андреас Кристенсен.
Што се однесува до Парти, неговото искуство може да биде од корист за подмладениот среден ред на Барса. Сепак, прашање е колку би играл, со оглед на тоа што Френки де Јонг е главна фигура во тимот. Но, постои можност тој да биде продаден во Ливерпул.
Парти пристигна во Арсенал во 2020 година од Атлетико Мадрид за 50 милиони евра, но неговата иднина во Лондон изгледа неизвесна. Евентуалното враќање во Ла Лига и за него би претставувало одлична опција.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари

Евро-фудбал
Леон Бејли ја засили Рома

Интернационалци
„Билд“: Лајпциг бара 20 милиони евра за продажба на Елмас

Евро-фудбал
Левандовски се врати на тренинзите на Барселона

Евро-фудбал
Пропаѓа трансферот на Нкунку во Баерн?

Млади репрезентации
Македонија У16 со убедлив триумф против Црногорците
