Фудбалерите на Барселона ќе бидат ослабени на големото дерби против Реал Мадрид. Иако одамна е познато дека Осман Дембеле нема да биде подготвен, со оглед дека е повреден уште од јуни, навивачите на каталонскиот тим се надеваа дека Роналд Араухо и Педри ќе бидат подготвени. Сепак, тоа нема да се случи.
Араухо и Педри уште некое време ќе бидат надвор од теренот, а медицинскиот тим нема да ризикува со нив со оглед дека би можеле да заработат посериозни повреди.
Араухо веќе третпат последовно се жали на повреда на мускулот и се очекува Уругваецот да паузира околу две до три недели.
Педри имаше сезона во која одигра 75 натпревари, немаше пауза и сега плаќа данок за тој замор. Тој исто така ќе биде подготвен во текот на следната недела, но не и за „Ел Класико“.
Тоа значи дека стартери за Барселона повторно ќе бидат Ерик Гарсија и Гави, а десно можеби повторно ќе стартува Сержињо Дест.
„Ел Класико“, големото дерби меѓу Барселона и Реал Мадрид е закажано за в недела во 16.15 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Хуго Дуро со „ножички“ го исече Леванте (ВИДЕО)
Интернационалци
Несторовски двоен стрелец за Славен Белупо













