
Веќе неколку дена се зборува дека Барселона е сериозно заинтересирана за шпанскиот репрезентативец Нико Вилијамс, а самиот фудбалер отворено изразил желба да се пресели на „Камп Ноу“. Но, во трката неочекувано се вклучи и Баерн Минхен, а потегот на Атлетик Билбао ги шокирал челниците на каталонскиот клуб.
Барса се обидуваше да го донесе Нико Вилијамс и минатото лето, но тогаш играчот во последен момент реши да го продолжи договорот со Билбао и да остане на „Сан Мамеш“. Каталонците не беа задоволни од тој потег, па како алтернатива го доведоа Дани Олмо. Сепак, Вилијамс наскоро се покажа како повторно заинтересиран за трансфер во Барселона и сам го обнови контактот со клубот.
Според последните информации, Барса веќе ги започнала преговорите со Атлетик Билбао, но клубот од Баскија не е расположен да го пушти младиот офанзивец кај ривалот. Клаузулата за откуп на договорот изнесува околу 60 милиони евра, но Билбао одбива да ѝ дозволи на Барса плаќање на рати – ја бараат целата сума веднаш.
Она што дополнително ги налутила Каталонците е што истите тие услови Атлетик ги прифатил од Баерн Минхен – дозволиле откупната клаузула да се исплати во рати. Со тоа испратиле јасна порака: не сакаат Нико Вилијамс да премине во Барселона.
И покрај тоа, Нико Вилијамс останува цврст во намерата – сака да игра за Барселона. Тој дури е подготвен да чека колку што е потребно, бидејќи од клубот му било ветено дека трансферот ќе се оствари летово.
Баерн нуди значително повисока плата, но играчот ја ставил понудата од германскиот шампион „на чекање“ и ќе ја разгледа само ако пропадне трансферот во Барселона. Нико Вилијамс е особено разочаран и од раководството на Атлетик, кое отворено се обидува да го турне кон Баерн, иако јасно им ставил до знаење каде сака да игра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мурињо сака да го доведе Санчо во Фенербахче

Евро-фудбал
Мбапе се враќа за дуелот со Салцбург?

Прва лига
Работнички се засили со Џелил Асани

Прва лига
Шкендија убедливо поразена од Копер
