
Иднината на Рафиња во Барселона е под сериозен сомнеж. Бразилскиот крилен напаѓач никогаш не успеа да го покаже најдоброто по неговиот трансфер од Лидс во 2022 година и клубот веќе размислува за евентуална негова продажба следното лето, открива каталонскиот „Спорт“.
Минатата сезона Рафиња се бореше со Осман Дембеле за стартно место на десната крилна позиција во нападот, но повредата на Французинот му даде шанса да обезбеди поголема минутажа и да му помогне на тимот да ја освои титулата во Ла Лига.
По продажбата на Дембеле, се очекуваше Бразилецот да стане редовен стартер во тимот на Чави Хернандез, но тој доби црвен картон во првиот натпревар од сезоната и беше заменет во стартните единаесет со младиот Ламин Јамал. Од почетокот на сезоната, тој започна само три натпревари во Ла Лига и два во Лигата на шампионите.
Спортскиот директор Деко, кој претходно беше агент на Рафиња, сѐ уште целосно не ја изгубил вербата во него и верува дека може да се врати во својата најдобра форма како што одминува сезоната. Доколку тоа не се случи, сепак, Бразилецот може да се најде на трансфер листата следното лето.
Од „Камп Ноу“ се свесни дека можат да земат прилично добра сума за Рафиња, за кого Лидс доби 58 милиони евра. Сигурно дека клубот ќе може да врати голем дел од инвестицијата, бидејќи за Бразилецот има интерес од богати клубови како Њукасл и тимови од Саудиска Арабија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јувентус се вклучува во трката за Виктор Ѓокереш

Евро-фудбал
Европскиот првак ПСЖ го суреди Атлетико

Прва лига
Шкендија го врати и Ендрит Красниќи

Евро-фудбал
Батурина пристигна во Комо за 17 милиони евра

Евро-фудбал
Арсенал повторно се фокусира кон Оли Воткинс
