
Барселона во наредните денови ќе му понуди нов договор на напаѓачот Мемфис Депај. До неодамна се мислеше дека Холанѓанецот ќе биде продаден ова лето, но се чини дека дојде до пресврт и Чави Хернандез е подготвен да го задржи на „Камп Ноу“, пренесува „Спорт“.
Депај пристигна во клубот минатото лето како слободен играч, одбивајќи многу понуди од други клубови, бидејќи неговата желба беше да го облече тимот во Барса.
На почетокот на сезоната беше стартер, но по доаѓањето на Чави Хернандез ја загуби позицијата во тимот. На крајот од сезоната, сепак, тој повторно имаше неколку добри настапи и се чини дека токму со нив го убеди раководството да го задржи подолго.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal