
Барселона на хрватскиот интернационалец Марсело Брозовиќ му понудила значително поголема плата од сегашната во Интер за на лето да прејде на „Камп Ноу“ како слободен агент. На Брозовиќ му биле понудени 8 милиони евра годишно за да потпише со каталонскиот гигант, со напомена дека Барса би можела да му даде толку висока плата бидејќи се ослободила од најскапите играчи, а Брозовиќ би дошол без обештетување.
Одличниот играч за врска дојде во Интер пред седум години од Динамо Загреб за отштета од 8 милиони евра. Тој веќе долг период е незаменлив играч на актуелниот шампион и лидер во Серија А, а неговата вредност се проценува на 40 милиони евра.
Брозовиќ веќе неколку месеци преговара со Интер за продолжување на договорот кој му завршува во јуни и веќе може слободно да контактира директно за трансфер и со други заинтересирани клубови.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Македонија Ѓорче Петров
Македонија ЃП ја засили одбраната со Србинот Алекса Јовановиќ
