Раководството на Барселона одржа специјален состанок со агентот на Ламин Јамал, Жорге Мендеш, по поразот во Ел Класико од Реал Мадрид. Поводот за разговорот биле постапките и однесувањето на младата ѕвезда, кои во последно време не се во согласност со стандардите и очекувањата на клубот.
Според информациите, каталонците одлучиле да воведат три конкретни ограничувања со цел вразумување и дисциплина.
Прво, клубот побарал од Јамал да ја намали активноста на социјалните мрежи, особено објавите поврзани со неговиот приватен живот и врската со пејачката Ники Никол.
Второ, сите интервјуа со младиот напаѓач ќе се реализираат само по одобрение од неговиот агент Жорге Мендеш, за да се избегнат несоодветни изјави и конфликти во медиумите.
Трето, од „Камп Ноу“ наредиле дополнителна грижа за физичката состојба на играчот – вклучувајќи природни третмани и индивидуални фитнес-сесии за време на слободните денови, поради продолжената повреда која сè уште го мачи.
Пред Ел Класико, Јамал предизвика тензии со објава против Реал Мадрид, а по натпреварот влезе во вербален судир со Винисиус и Дани Карвахал, што не им се допаднало на челниците на клубот.
Барселона се надева дека преку овие мерки ќе ја насочи својата млада ѕвезда кон позрел и попрофесионален пристап – и на теренот, и надвор од него.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот













