Раководството на Барселона веќе започнува да размислува за следната сезона, во која амбициите ќе бидат уште поголеми.
Иако е извесно дека Роберт Левандовски ќе остане дел од тимот, управата веќе бара нов напаѓач кој би можел да ја предводи офанзивната линија на долг рок. Според шпанските медиуми, нивниот фокус е насочен кон аргентинскиот репрезентативец и член на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез.
Наводно, Барселона подготвува понуда од 100 милиони евра за играчот кој веќе има освоено сè во својата кариера и кој прикажува одлични настапи во дресот на Атлетико. Оваа сезона, Алварез постигна 20 погодоци на 39 натпревари, откако мадридскиот клуб го доведе минатото лето за 75 милиони евра.
Сепак, останува да се види дали Атлетико ќе прифати да се раздели со својот најдобар стрелец за 100 милиони евра, со оглед на тоа што неговиот договор важи до 2030 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Млади репрезентации
Македонија до 19 години на елитни квалификации во Португалија
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













