Connect with us

Барселона го купува германскиот суперталент Карим Адејеми

Еден од најбараните напаѓачи во Европа, Карим Адејеми е блиску до договор со Барселона. Каталонскиот гигант во наредните денови ќе испрати понуда до Салцбург вредна 40 милиони евра, а Адејеми треба да потпише петгодишен договор, јавуваат шпанските медиуми.


Досега најголема понуда за германскиот суперталент испрати Борусија Дортмунд, но таа е за 5 милиони евра помала од понудата на Барселона.

Тој наводно сака да тргне по стапките на Лионел Меси кој е негов идол и омилен играч. Токму поради Адејеми и станал голем навивач на Барселона, а сега може да си го исполни сонот и да заигра на „Камп Ноу“.

Скаутите на Барса веќе подолго време го следат младиот Германец, а раководството воспостави контакти со играчот и неговите менаџери. Голема улога имаше и тренерот Чави Хернандез кој изјави дека многу посакува да го има Адејеми во тимот.

Адејеми оваа сезона постигна 15 гола на 22 натпревари, има две асистенции, а во јануари наполни 20 години.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови