Барселона го гледа Хари Кејн како „идеално решение“ за наследник на Роберт Левандовски, пишува „Ел Насионал“. Каталонскиот клуб веќе разгледува опции за нов напаѓач за следната сезона, а англискиот голгетер е на врвот на листата желби.
Договорот на Левандовски со Барса завршува на крајот од сезоната, па раководството на клубот се подготвува за период без 37-годишниот Полјак. Според изданието, Кејн, кој има 32 години, е прва цел на каталонскиот клуб, главно поради тоа што неговата цена се смета за прифатлива.
Баерн Минхен наводно би бил подготвен да го продаде англискиот репрезентативец за сума од околу 50 милиони евра, а неговата пазарна вредност дополнително ќе опадне следното лето, бидејќи ќе му останува само една година од договорот.
Откако пристигна во Баерн, Хари Кејн има импресивен биланс – 91 погодоци и 28 асистенции на 100 одиграни натпревари во сите конкуренции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
АЕК Ларнака го шокираше Кристал Палас













