Барселона официјално го доведе второ ново засилување оваа зима. Тоа е крилниот напаѓач на Вулверхемптон, Адама Траоре, кој на „Камп Ноу“ ќе игра како позајмен до крајот на сезоната, по што каталонците ќе можат да го откупат за околу 30 милиони евра. Клаузулата за купување е опционална.
Шпанецот начелно се договорил на лето да потпише петгодишен договор со Барселона. Траоре вчера ги мина лекарските прегледи, а предмалку Барселона и официјално го објави трансферот. Презентацијата на Адама Траоре ќе биде в среда, на 2 февруари.
Сериозен интерес за него имаше и од Тотенхем. Вулверхемптон ја одби понудата од 15 милиони фунти од лондончани, кои беа подготвени да го зголемат влогот на 20 милиони. Сепак, самиот играч сакаше да се врати на „Камп Ноу“, каде играше до 2015 година, по што се пресели во Астон Вила. Тој е второто ново засилување на Барселона од Премиер – лигата, откако каталонците веќе го привлекоа Феран Торес од Манчестер Сити.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













