Connect with us

Барселона го донесе најтрофејниот играч во историјата и ќе игра за само едно евро неделно

Враќањето на 38-годишниот Дани Алвеш во Барселона е завршена работа и останува само Ла Лига да го одобри неговиот потпис. Тој потпишa договор до крајот на сезоната со опција за продолжување до летото 2023 година.


Алвеш доаѓа како слободен играч откако во септември го раскина договорот со Сао Паоло. Интересно е дека тој доаѓа да игра на „Камп Ноу“ за неделна плата од само едно евро.

Новиот тренер Чави Хернабдез смета дека присуството на Дани Алвеш ќе биде од голема корист за соблекувалната. Тој е најтрофејниот фудбалер во историјата.

Алвеш, играјќи за Барселона, освои 23 трофеи, од кои шест шампионски титули, три трофеи во Лигата на шампионите, три Светски клупски првенства, два европски Суперкупа и четири Копа дел Реј. Тој е најтрофејниот фудбалер во историјата, со вкупно 43 титули во сите клубови за кои настапувал.

Бразилецот беше член на Барселона од 2008 до 2016 година и одигра 391 натпревар за каталонскиот клуб. Постигна 21 гол и запиша 101 асистенција.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови