Connect with us

Барселона без Жорди Алба до крајот на годината

Каталонскиот гигант Барселона ќе биде без услугите на шпанскиот репрезентативец Жорди Алба во наредните триесетина дена. Тој се повреди на натпреварот против Баерн Минхен во Лигата на шампионите.


Левиот бек заработи истегнување на мускулот и ќе паузира околу еден месец. Алба ќе ги пропушти натпреварите во Ла Лига против Осасуона, Елче и против Севилја. Нема да биде во комбинација и за настап на пријателскиот натпревар против Бока Јуниорс на 14. декември на „Диего Марадона“.

Тој сезонава одигра 16 натпревари и запиша пет асистенции, но се уште е без постигнат гол.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови