Connect with us

Барселона без Левандовски на „Ел Класико“ в четврток

Барселона остана без Роберт Левандовски во наредните два седмици, а тоа значи дека Чави Хернандез ќе мора без него и на претстојното „Ел Класико“, првиот полуфинален меч од Кралскиот куп на Шпанија. Реал Мадрид в четврток ќе ја пречека Барселона на „Сантијаго Бернабеу“.


Левандовски има истегнување на бутниот мускул на левата нога и се очекува да паузира околу две седмици. Повредата ја потврди и каталонскиот клуб.

Барселона е во мини резултатска криза откако загуби од Алмерија со 1-0 во Ла Лига, а претходно доживеа и елиминација од Манчестер Јунајтед во Лига Европа.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови