
Холандскиот играч за врска на Барселона, Френки де Јонг, сѐ уште чувствува болка во ногата поради повредата на мускулот. Новите фитнес тестови извршени денеска покажаа дека 26-годишниот фудбалер не само што нема да биде достапен за натпреварот на гостувањето кај Реал Сосиедад в сабота навечер во Ла Лига, туку веројатно нема да се врати на теренот пред крајот на ноември, пишува каталонскиот весник „Спорт“.
Добра вест за тренерот на Каталонците, Чави Хернандез, сепак е опоравувањето на Педри Гонзалес, кој би можел да настапи на натпреварот против Реал Сосиедад.
Шпанецот им се придружува на Рафиња, Роберт Левандовски и Жул Кунде, кои беа на клупата на претходната пресметка во Ла Лига против Реал Мадрид.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Дембеле прослави гол во стилот на Жота (Фото)

Евро-фудбал
Нони Мадуеке пред трансфер во Арсенал

Евро-фудбал
Барселона тргнува по Рафаел Леао

Интернационалци
Марио Илиевски се пресели во Косово – потпиша за Приштина
