
Во спектакл што понуди сè што може да се замисли – пенали, пресврти, поништени голови и голема драма – Барселона славеше над Реал Мадрид со 3-2 по продолженија и го крена трофејот на Купот на кралот. Жул Кунде го постигна победничкиот гол за Барса.
На „Ла Картуха“ во Севиља, Каталонците тргнаа фуриозно уште од стартот. Кунде прв се закани со удар со глава, а Куртоа мораше да интервенира. Реал доби уште поголем проблем кога Ферлан Менди се повреди и Анчелоти беше принуден рано да менува.
Првиот спорен момент дојде во 16. минута – Валверде играше со рака во шеснаесетникот, но судијата остана нем на ВАР сигнализацијата. Барселона знаеше да казни: Ламин Јамал маестрално ја проби страната на Фран Гарсија, ја врати топката, а Педри со елегантно пласирање донесе водство од 1-0 во 28. минута!
До паузата, Реал се обиде да се врати, Белингем дури погоди, но голот беше поништен поради офсајд. Барселона имаше и статива преку Феран Торес, но нови промени немаше.
Веднаш по одморот, Анчелоти го пушти „тајното оружје“ – Килијан Мбапе! Иако недоволно фит, Французинот внесе нова енергија. Реал тргна на сè или ништо, а резултатот дојде во 70. минута: Мбапе изнуди слободен удар и сам го реализираше за 1-1 – прв гол од слободен удар во неговата кариера!
Шок следуваше седум минути подоцна – Чуамени одлично скокна по корнерот на Ѓулер и донесе пресврт за Реал (2-1)! Но, ни оваа предност не траеше долго: Куртоа несмасно излета, Феран Торес го заобиколи и изедначи на 2-2!
Голема драма кулминираше во судиското продолжение: Рудигер направи фаул врз Торес, ВАР молчеше. Потоа, во 97. минута, Рафиња измами пенал, но Де Бургос по прегледување на снимката ја поништи својата одлука и му даде жолт картон на Бразилецот за симулација.
Барса повторно погоди преку Торес, но голот беше поништен поради офсајд. И токму кога сите мислеа дека ќе следуваат пенали, во 116. минута Жул Кунде од далечина ја погоди мрежата на Куртоа и донесе експлозија на радост меѓу Каталонците – 3-2!
До крајот, Реал се обидуваше да изедначи, но судбината вечерва беше наклонета кон Барса. Нов трофеј за Ханси Флик и почеток на нова ера со голема победа над најлутиот ривал.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Срамот е за Воска, која го напушти теренот и не го доигра мечот против...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Тотенхем го сака Нико Ковач за нов тренер
