Две и пол години по почетокот на големата реконструкција, Барселона во сабота ќе се врати на својот култен стадион „Камп Ноу“ за натпреварот од 13. коло во Ла Лига против Атлетик Билбао.
„Се враќаме дома“, објави Барса на социјалните мрежи за официјално да ја соопшти веста. По неколкуте одложувања на преселбата, каталонскиот гигант повторно ќе игра на теренот на „Камп Ноу“, каде што реконструкцијата сè уште е во тек, но би требало да овозможи натпреварот да го следат 45 илјади гледачи.
Актуелниот шпански шампион, кој моментално е втор во Ла Лига зад Реал Мадрид, од почетокот на сезоната 2023/24 ги игра своите домашни натпревари на Олимпискиот стадион Монжуик или на стадионот Јохан Кројф. „Камп Ноу“ беше отворен за јавноста пред две недели, кога Барселона одржа тренинг пред навивачите.
Клубот во соопштение наведе дека добил дозвола од градскиот совет да игра на „Камп Ноу“ пред 45 илјади гледачи, но сè уште нема добиено одобрение од УЕФА за таму да се играат натпревари од Лигата на шампионите. Екипите што учествуваат во европските натпреварувања, теоретски, не смеат да го менуваат својот домашен стадион во текот на сезоната.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија













