Connect with us

Барса се лизна кај Алавес (ВИДЕО)

Барселона продолжува со слаби изданија во Ла Лига. Тимот на Роналд Куман ремизираше (1-1) на гости кај Алавес и во моментот има дури осум бода помалку од лидерот Реал Мадрид, иако има и еден одигран меч помалку во шпанското првенство. 

Барселона половина час играше со фудбалер повеќе, но не успеа да стигне до триумф. Алавес поведе со голот на Луис Риоха во 31.минута, а израмни Антоан Гризман во 63.минута. Имаа каталонците неколку одлични шанси, но Алавес на голот го имаше расположениот чувар на мрежата Пачеко.

   

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови