Тренерот на Барселона, Ханси Флик, ќе го продолжи договорот со клубот за уште една сезона – до летото 2027 година, објави „Марка“. Двете страни веќе се договориле за продолжување на соработката по преговорите кои се одвивале во изминативе неколку дена.
Се очекува новиот договор официјално да стапи на сила по завршувањето на сезоната. Двете страни се согласиле дека моментално целиот фокус треба да биде насочен кон преостанатите клучни натпревари во тековната сезона.
Каталонците се лидери на табелата во Ла Лига, се пласираа во финалето на Кралскиот куп каде ќе се соочат со Реал Мадрид кон крајот на оваа недела, а во Лигата на шампионите ги очекуваат полуфиналните дуели со Интер.
Флик повеќепати има нагласено дека претпочита да ги продолжува договорите година по година, наместо долгорочно, поради што неговиот актуелен договор е само до летото 2026 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими го направи изненадувањето на колото со убедливиот триумф од 3-0 против Шкендија. Иако...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Вилдан Салиу
Арсими е изненадувањето на 14.коло во Првата лига. Одигра блескав натпревар против шампионот Шкендија,...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Арне Слот добил ултиматум од Ливерпул
Евро-фудбал
Јувентус остана заробен во мразот во Норвешка
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Вилдан Салиу













