Connect with us

Барса има најслаб старт од сезоната 2002/03, а тогаш заврши на шестото место

Барселона на Роналд Куман очајно го стартуваше новото првенство во Ла Лига. По шест одиграни меча, каталонскиот тим освои само осум бода во шпанското првенство. Статистиката е безмилосна и вели дека тоа е најслаб старт на сезоната за Барселона од далечната 2002/03 сезона. 

А во таа сезона, Барселона заврши дури на шестото место на табелата на крајот од шампонатот. 

Не цветаат рози на „Камп Ноу“. Клубот е во финансиски долгови, преговара со фудбалерите за намалување на платите, а ниту резултатите не се според очекувањата. Барселона во овој момент има огромни осум бода негатива во однос на Реал Мадрид.

  

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови