Чави Хернандез даде зелено светло и го сака Илкај Гундоган во својот тим. Тренерот на Барселона го посакува и Мартин Зубименди, но откупната клаузула од 60 милиони евра за играчот од средниот ред на Реал Сосиедад сеак ја натера Барса да се сврти кон други цели.
Гундоган е совршена цел на Барса бидејќи договорот му истекува на лето, тој би дошол како слободен играч, без обештетување и секако би донел искуство во тимот.
Исто така, бидејќи со години игра за Пеп Гвардиола, нема многу сомнежи дека брзо ќе го најде патот во Барселона, која негува сличен стил на игра.
Гундоган сѐ уште сака да ја чека понудата на Манчестер Сити, Гвардиола сака да го задржи, па останува да се види каква одлука ќе донесе Германецот.
Гундоган би бил замена за Серхио Бускетс, кој се уште е далеку од нов договор со Каталонците и има најави дека ќе замине во МЛС – лигата на САД.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













