Играчот од средниот ред Николо Барела се приклучи на тренинзите на Интер еден ден порано од очекуваното, информираат „Газета дело спорт“ и „Спорт Медиасет“. Фудбалерот за врска имаше операција на носот минатата недела и ја пропушти победата на Италија над Франција, како и претстојниот натпревар против Израел.
Првичните прогнози беа дека тој ќе продолжи со тренинзите во вторник, но тоа се случи еден ден порано од очекуваното.
Фудбалерот треба да биде достапен за гостувањето на Интер против Монца в недела на 15 септември. Италијанските медиуми додаваат и дека очекувањата во штабот на „нероаѕурите“ се Пјотр Зиелински, кој веќе одигра два меча со репрезентацијата на Полска, утре да продолжи со тренинзите со својот клуб.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













