
Фудбалската репрезентација на Македонија ќе и гостува на Италија во Палермо на 24 март во полуфиналниот бараж дуел за пласман на Светското првенство во Катар. „Аѕурите“ имаа лош финиш на квалификациите и останаа да висат во баражот, но ѕвездата на Интер, Николо Барела, смета дека актуелниот европски првак ќе успее да обезбеди виза за мундијалот.
„Ние сме европски шампиони и другите треба да се плашат од нас, а не ние од нив. Убеден сум дека на крајот Италија ќе игра на Светското првенство. Немавме среќа на последните мечеви, топјата едноставо не сакаше во голот. Ќе мора да одиме по потешкиот пат, но на крајот Италија ќе биде дел од Светското првенство“, рече Барела.
Италија ќе ја пречека Македонија на 24 март, а пет дена подоцна следи и финалниот дуел од баражот. Победникот од овој меч ќе оди на гости кај победникот од второто полуфинале меѓу Португалија и Турција.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski