Connect with us

Барди: Со поддршка од навивачите да дојдеме до триумф и против Фарски Острови

Фудбалската репрезентација на Македонија утре (15 часот) на Националната арена го игра последниот натпревар од Лигата на нации. Противник на нашиот национален тим е селекцијата на Фарски Острови, со која единствено ремизиравме (1-1) во овој циклус. На останатите мечеви Македонија оствари победа без примен гол.


Капитенот Енис Барди ја повика и публиката да дојде во поголем број, а мотиви за триумф секако постојат.

„Мислам дека ова ќе ни биде рекорд ако победиме, ќе биде добро за сите нас да го завршиме циклусот во Лигата на нациите со победа. Знаеме дека противникот ќе се брани во најголем тек од натпреварот. Првиот натпревар во Торшавн беше знак дека не смее да се потцени ниту еден противник, мислам дека многу научивме од тој дуел. Нè интересираат само трите бода. Се надевам дека навивачите ќе бидат наша мотивација, да дојдат во поголем број бидејќи ни недостигаа против Летонија. Публиката е наш дванаесетти играч, сакаме полн стадион за добар крај на циклусот“, изјави Барди.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови