Макфудбал во Гибралтар,
Фудбалската репрезентација на Македонија, очекувано, има водство (0-1) против Гибралтар на гости, во вториот натпревар од Лигата на нации. Стрелец на голот беше капитенот Енис Барди во 21.минута од мечот.
Во осмата минута Македонија ја имаше првата одлична шанса, Барди го проигра Милан Ристовски, а тој со удар од 14 метри ја погоди гредата од голот на Гибралтар.
Но, десет минути колосална шанса имаше и Гибралтар. Голема грешка на Висар Муслиу кој сакаше да ја врати топката назад кон голманот Дени Илиев, а го проигра Валарино. За среќа, тој беше непрецизен од супер позиција.
Само три минути подоцна, казни Енис Барди. По корнерот од левата страна, акција на Барди кој со шут од 12 метри го совлада голманот на Гибралтар.
Стефан Спировски упати бомба од далечина во 40.минута, но голманот Колеинг одлично интервенираше.
— Thahsg (@Thahsg2) June 5, 2022
ГИБРАЛТАР – МАКЕДОНИЈА (0-1)
Стадион „Викторија“ во Гибралтар. Гледачи: 1.500. Судија: Алан Дуро (Луксембург). Стрелци: Барди 21′ (Македонија).
ГИБРАЛТАР: Колеинг, Џоли, Вајсман, Брито, Торилја, Лопес, Анесли, Оливеро, Вокер, Валарино, Стич.
МАКЕДОНИЈА: Илиев, Тодороски, Муслиу, Серафимов, Алиоски, Барди, Спировски, Николов, Елмас, Трајковски, М. Ристовски.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski