Енис Барди и Леванте нема да бидат дел од финалето во Копа Дел Реј. Загубија на домашен терен со 1-2 по продолженија од Атлетик Билбао, кој ќе ја предизвика Барселона во финалната пресметка. Барди влезе на почетокот на второто полувреме и играше до крајот на продолженијата што потврдува дека ја надмина повредата на мускулот.
Леванте поведе со голот на Роџер во 17.минута, но израмни Раул Гарсија од пенал во 30.минута од мечот. Тоа беше идентичен резултат како и на првиот меч во Билбао, па дуелот отиде во продолженија. Атлетик Билбао славеше голем триумф и пласман во финалето на Купот со погодокот на Алехандро Беренгер во 112.минута од натпреварот.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












