
Леванте ја изненади Барселона играјќи 3-3, ги намали многу шансите на каталонскиот тим во трката за шампионската титула, а истовремено освои бод со кој и дефинитивно обезбеди опстанок во Ла Лига. Тимот на Роналд Куман имаше сигурно водство од 0-2 на полувремето, но Леванте блескаше во вториот дел кога дури трипати ја тресеше мрежата на Тер Штеген.
Лионел Меси во 25.минута го отвори резултатот, а девет минути подоцна Педри зголеми на 0-2,
Но, следеше реакција на Леванте. Гонзало Мелеро во 57.минута намали, а само две минути подоцна Хозе Моралес израмни на 2-2.
Осман Дембеле донесе нова предност за Барселона во 64.минута, но Леванте повторно возврати со голот на Серхио Леон во 83.минута од мечот.
Барселона сега се наоѓа на второто место со 76 бода, еден помалку од лидерот Атлетико Мадрид, но и еден одигран меч повеќе.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
