Македонија одигра херојско реми (1-1) против Англија во Скопје за крај на квалификациите за ЕВРО 2024. Можеби можевме и повеќе, посебно на натпреварите против Украина, но бевме во групата со велесили како Англија и Италија, а и со двете не загубивме на домашен терен.
Капитенот Енис Барди, кој денеска беше стрелец на погодокот за Македонија, вели дека би сакал селекторот Милевски да остане на кормилото.
„Со селекторот Милевски направивме многу добри работи и во репрезентацијата до 21 година и сега во овој момент. Мислам дека се познаваме добро и дај Боже да продолжиме да соработуваме заедно. Не ги знам деталите од неговиот договор само знам дека го почитувам многу и имам голем респект за него“, изјави Барди.
Тој имаше коментар и за пеналот.
„Тргнав и застанав, а голманот остана во место. Тука загубив малку време и не сакав да гаѓам уште погоре. За среќа, ми се врати одбиената топка и успеав да дадам гол“, потенцираше Барди.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
„Волците“ не му можат ништо на Челси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Барса по 894 дена се врати на „Камп Ноу“ (ВИДЕО)













