Connect with us

„Балисти“ ќе организираат марш за жртвите од пожарот во тетовската болница

Навивачката група на Шкендија, „Балисти“, на социјалните мрежи објави дека денеска во 13.30 часот од плоштадот Илирија ќе организира марш во чест на жртвите кои го загубија животот во пожарот во модуларната болница во Тетово.


Маршот ќе биде мирен, со почитување на ковид-протоколите и ќе започне од плоштадот Илирија во центарот и ќе заврши пред болницата во Тетово.

Во пожарот што избувна ноќта на 8 септември, загинаа 14 лица, а 12 беа повредени. Маршот требаше да се одржи вчера, но поради погребот на настраданите се одложи за денеска.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови