Connect with us

Баисуфинов: Македонија е учесник на ЕВРО, а ние дојдовме по искуство

Казахстан е последниот тест за македонските фудбалски репрезентативци пред заминувањето на Европското првенство. Оваа селекција и не е така наивна со оглед дека ремизираше (1-1) против Украина во квалификациите, а селекторот Талгат Баисуфинов вели дека дошле по искуство во Скопје.

„Очекувам еден добар натпревар што за нас секако ќе биде едно големо искуство. Македонија е учесник на Европското првенство и секако е една многу квалитетна селекција, а ние дојдовме да одиграме фудбал и да видиме до каде е нашата моментална форма“, изјави селекторот на фудбалската репрезентација на Казахстан.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови