Connect with us

Баерн тргнува по ѕвездата на Наполи

Германскиот првак Баерн Минхен е заинтересиран за напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен, пренесуваат германските медиуми.


Баварците се во потрага по нов напаѓач кој ќе биде наследник на Левандовски, а раководството верува дека Осимен е идеален избор.


Наполи за Осимен бара отштета од 100 милиони евра, а Баерн е подготвен да плати 90 милиони, плус десет милиони во бонуси.


Осимен пред две години пристигна во Наполи за 70 милиони евра и се етаблираше во еден од најдобрите напаѓачи во Серија А.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови