
Крилниот напаѓач Кингсли Коман и бекот Нусаир Мазрауи нема да играат на преостанатите два натпревари на Баерн Минхен до крајот на календарската година, соопштија од клубот.
Коман има мало кинење на мускулот на десната натколеница по натпреварот со Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите, додека Мазрауи има посериозен проблем со левиот бутен мускул.
Сигурно и двајцата нема да играат ниту против Штутгарт викендов, ниту против Волфсбург следната недела.
Коман и Мазрауи го започнаа натпреварот против Манчестер Јунајтед, а францускиот крилен напаѓач го постигна единствениот гол за победа на Баварците од 0-1 на „Олд Трафорд“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal