Connect with us

Баерн Минхен со сите сили ќе се обиде да го задржи Упамекано

Спортскиот директор на Баерн Минхен, Макс Еберл, изјави дека клубот ќе направи сѐ што е можно за да го продолжи договорот на дефанзивецот Дајо Упамекано. Договорот на францускиот репрезентативец истекува ова лето, а двете страни водат преговори веќе подолг период, но досега не успеале да постигнат согласност.

„Упа се разви во еден од најдобрите централни дефанзивци во светот. Имаше период во кој направи неколку грешки, но ќе направиме сѐ што можеме за да се осигураме дека ќе остане“, изјави Еберл за „Скај Германија“.

Во тековната сезона, Дајо Упамекано одигра 13 натпревари во сите натпреварувања и забележа една асистенција.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови