Connect with us

Баерн Минхен сака Томас Милер да остане во клубот до крајот на кариерата

Раководните лица на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ и Оливер Кан, стапиле во контакт со Томас Милер и се сретнале со него по гласините за можно заминување на баварската легенда, пишува „Билд“.


Двајцата директори му најавиле на Милер дека клубот ќе продолжи да се потпира на него. Шефовите од Минхен го уверија офанзивниот фудбалер дека би сакале тој да ја заврши кариерата во баварскиот клуб.


Договорот на 34-годишниот Милер со Баерн Минхен е до летото 2024 година. Претходно во медиумите се шпекулираше за можно заминување на играчот поради малата минутажа која ја добива под водство на тренерот Томас Тухел.


Томас Милер е дете на Баерн и игра за тимот од 2008 година, освојувајќи ги сите можни трофеи со клубот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови