Connect with us

Баерн Минхен му даде ултиматум на Тотенхем за трансферот на Хари Кејн

Трпението на Баерн Минхен во преговорите со Тотенхем за Хари Кејн очигледно почнува да истекува. Баварскиот гигант до вечерва на полноќ му постави рок на Тотенхем да одлучи дали ќе се согласи на договор за својата ѕвезда.


Баерн Минхен е подготвен да тргне во реализација на друг трансфер доколку Тотенхем конечно не се согласи да го продаде својот голгетер, откако последната понуда на германскиот гигант од 85 милиони фунти беше одбиена. Доколку не биде договорен трансферот на Кејн, напаѓачот ќе ја исполни последната година од договорот со Тотенхем и ќе замине бесплатно следното лето.


Се очекув Баерн Минхен да понуди 100 милиони фунти, ако не и повеќе, заедно со можни бонуси, за да го убеди Тотенхем да го продаде Кејн, а самиот играч одамна потврди дека сака да се пресели во германскиот клуб. Сепак, не е јасно како на ултиматумот ќе реагира исклучително тешкиот за преговори претседател на Тотенхем, Даниел Леви.


Тренерот на Баерн, Томас Тухел, го сака Хари Кејн во неговиот тим за натпреварот од Суперкупот на Германија против Лајпциг на 12 август.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови