Connect with us

Баерн Минхен ќе му плати 12 милиони евра отштета на Барнли за тренерот Компани

Раководството на Баерн Минхен се договори со Барнли за обештетувањето што ќе го плати за 38-годишниот стратег Винсен Компани. Тоа изнесува 12 милиони евра и останува Белгиецот да го потпише договорот со Баерн и да биде промовиран.

Таму нема да има никакви проблеми. Компани веќе се договорил за тригодишен договор до 2027 година и најверојатно во следните неколку часа ќе пристигне во Минхен.

Винсент Компани го водеше Барнли претходните две години. Со овој тим испадна од Премиер – лигата оваа сезона

Претходно тој раководеше со Андерлехт од 2019 година. Извесен период беше играч-тренер, а од 2020 година седи на клупата.

Компани е добро познато лице од светот на фудбалот. Со години играше за Манчестер Сити, а го носеше дресот на Андерлехт и на Хамбургер и оттаму добро го познава германскиот јазик, но и менталитетот на Бундес-лигата.

Некогаш одличниот дефанзивец ќе ги води Баварците во новата сезона. Оваа што заврши беше крајно неуспешна за Баерн бидејќи останаа без трофеј под водство на Томас Тухел.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови