Германскиот шампион Баерн Минхен е заинтересиран за ѕвездата на Лидс Јунајтед, Рафиња. 25-годишниот Бразилец прикажува одлични игри од почетокот на оваа сезона и тоа не остана незабележано од скаутите на германскиот гигант.
Баварците веќе бараат замена за Кингсли Коман чија иднина во клубот е нејасна. Французинот одбива да потпише нов договор и веројатноста да биде продаден оваа зима е голема.
За него има голем интерес од Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Барселона, Реал Мадрид, Јувентус и од Пари Сен Жермен, а Баерн може да го искористи тоа за да добие добра отштета.
На „Алијанц Арена“ планираат парите од продажбата на Коман да ги искористат за да го заменат со Рафиња. Германците веруваат дека предлогот од околу 40 милиони евра може да биде доволен за да ги убеди шефовите на Лидс Јунајтед да се разделат со Бразилецот.
Рафиња пристигна на „Иланд Роуд“ во 2020 година од францускиот Рен за 18,6 милиони евра и брзо стана главен играч на тимот од Јоркшир. Досега има 41 одигран натпревар и 13 голови. Со добрите настапи избори место и во репрезентацијата на Бразил, а за „селекао“ веќе има 5 натпревари и 2 гола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци
Евро-фудбал
Ливерпул и Египет во „клинч“ за Мохамед Салах
Евро-фудбал
Рафиња се врати на тренинзите на Барселона













