Борусија Менхенгладбах ја одби и најновата понуда на Баерн Минхен за голманот Јан Зомер. Понудата на Баварците износуваше 8 милиони евра, плус уште еден милион во вид на бонуси. Сепак, и таа е одбиена.
Баерн Минхен првиот пат понуди 4 милиони евра, а сега и двојно повеќе, но Борусија Менхенгладбах не сака лесно да се откаже од својот голман.
Јан Зомер има договор со клубот до крајот на сезоната.
Баерн Минхен е во потрага по нов голман по тешката повреда која ја заработи Мануел Нојер. Капитенот на тимот е во аут до крајот на сезоната поради скршеница на ногата, а прв избор за негова замена е Зомер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија













