Connect with us

Баерн и Сити во трка за дефанзивец на Феенорд

Десниот бек на Феенорд, Џивајро Рид, го привлече вниманието на неколку водечки европски клубови. Според информациите, Баерн веќе покажал конкретен интерес за 19-годишниот Холанѓанец и дури водел прелиминарни разговори со клубот од Ротердам.


Во исто време, Манчестер Сити исто така го следи развојот на младиот талент и го вклучил на својата листа на потенцијални засилувања за десната страна од одбраната во 2026 година.

Актуелниот договор на фудбалерот со холандскиот клуб важи до летото 2029 година, а неговата цена се движи околу 20 милиони евра.

Во тековната сезона, Рид одигра 15 натпревари за Феенорд во сите натпреварувања, постигна еден гол и запиша три асистенции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови