Connect with us

Баерн го прегази Ајнтрахт за едно полувреме (ВИДЕО)

Баерн Минхен се врати на победничките патеки во Бундеслигата, откако вечерва на свој терен со убедливи 4-0 го совлада Ајнтрахт Франкфурт, по ремито со Баер Леверкузен во претходното коло.

Баварците офанзивно го отворија натпреварот, создавајќи неколку сериозни шанси во првите триесет минути, но мрежата на Кевин Трап остана недопрена. Сепак, тоа се промени во 48. минута, кога Мајкл Олисе прецизно реализираше за 1-0.

Предноста беше удвоена во 62. минута, кога јапонското летно засилување Ито беше на вистинското место и го постигна вториот гол. Баерн продолжи во ист ритам, а Џамал Мусијала по одлична соло акција зголеми на 3-0, додека конечните 4-0 ги постави Серж Гнабри.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови