
Белгиецот Еден Азар утре би можел да ги има последните минути во дресот на Реал Мадрид. „Кралевите“ го пречекуваат Кадиз, а се очекува конечно Азар да биде стартер во тимот на Карло Анчелоти.
Во отсуство на Марко Асенсио, Родриго и Герет Бејл кои се позитивни на коронавирус, Азар треба да биде стартер покрај Винисиус и Бензема.
Мадридските медиуми пишуваат дека ова е последна шанса за Азар, а некои тврдат дека можеби се неговите и последни минути на „Бернабеу“. Реал Мадрид е подготвен да го продаде Азар и да заработи од неговото заминување, бидејќи тој е најплатен во тимот, а за него нема место.
Винисиус ја игра сезоната од соништата, тој е најдобриот играч на Реал и нема шанси Анчелоти да го отстрани од позицијата лево крило. Азар ќе мора да се докажува на спротивната страна, што уште повеќе му ја отежнува работата.
Њукасл го посакува Азар, но тој не сака да замине во тим што се бори за опстанок, повеќе би сакал да се врати во Челси.
Томас Тухел би можел да остане без Хаким Зијеч и без Кристијан Пулишиќ, кои се незадоволни од минутажата, па не е исклучено Азар навистина да биде опција за Челси.
Азар го напушти „Стемфорд бриџ“ летото 2019 година за 120 милиони евра, а сега вреди двојно помалку, па „сините“ би можеле да се одлучат за негово враќање.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Барди и официјално се раздели со Бодрумспор

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го доведе Оли Воткинс

Евро-фудбал
Баерн Минхен тргнува по Луис Дијаз од Ливерпул

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез

Евро-фудбал
Алегри го сака Серху Гираси во нападот на Милан
